И кога изгубија секаква надеж, се одвоија настрана за да се посоветуваат. „Зарем не знаете,“ – рече најстариот меѓу нив – „дека на својот татко му се заколнавте во Аллах, а и претходно Јусуф го упропастивте? Нема да ја напуштам оваа земја додека тоа мојот татко не ми го дозволи или додека Аллах во моја корист не пресуди, а Тој е најдобриот Судија.