„Навистина ти сторил неправда! – рече Давуд – „со тоа што барал овцата твоја да ја додаде на овците свои; многумина ортаци си прават неправда едни на други, а единствено тие што веруваат и што прават добри дела не го прават тоа, и таквите се малку“. И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја.[1]