И тој влезе во градот, незабележан од жителите негови, и во нив сретна двајца луѓе кои се тепаат, едниот му припаѓаше на неговиот, а другиот на непријателскиот народ, па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ, и Муса го удри со рака и го усмрти. „Ова е шејтанова работа!“ – извика. „Тој е навистина очигледен непријател кој доведува во заблуда!“