Примерот за Џенетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед, и има разновидно овошје и прошка од Господарот нивен – зарем тоа е исто со страдањето кое ги чека тие што во Огнот вечно ќе престојуваат, кои со зовриена вода ќе се појат, која цревата ќе им ги кине!