А кого Аллах ќе го упати – тој е навистина упатен, а тој што ќе го заблуди – на нив, освен Него, нема да им најдеш заштитници. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде Џехенемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот.