Ако се судрат две групи верници, смирете ги; а ако едната од нив сепак ѝ стори насилство на другата, тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи. Па ако се врати, тогаш непристрасно смирете ги и бидете праведни; Аллах, навистина, ги сака праведните.