О, верници! Ви се пропишува одмазда за убиените: слободен за слободниот, роб за робот и жена за жената. А тој за кого од неговиот брат ќе се даде некаков откуп, нека врати со добро, а и тој нека покаже добродетелство.[1] Тоа е олеснување од Господарот ваш, и милост. А кој и после тоа ќе изврши насилство, ќе има болна казна.