Лицемерите се колнат во Аллах дека не зборувале, а сигурно говореа невернички зборови и покажуваа дека се неверници, откако исламот јавно го примија, и сакаа да го сторат тоа во што не успеаја. А приговараат само затоа што Аллах, од изобилството Свое, и Пратеникот Негов, ги направија богати. Па ако се покајат, ќе им биде добро; а ако главите ги свртат, Аллах и на овој и на оној свет на маки неподносливи ќе ги стави, а на Земјата ниту заштитник ниту помагач нема да имаат.