Вистински верници се само тие кои во Аллах и во Неговиот Пратеник веруваат, а кои, кога се со него на некој важен состанок, од него не се оддалечуваат сè додека од него дозвола не добијат. Тие кои од тебе бараат дозвола, во Аллах и во Пратеникот Негов, навистина, веруваат. И кога тие ќе побараат дозвола од тебе поради некаква работа своја, дозволи му на кого сакаш од нив, и замоли Го Аллах да им прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е.