И нека се воздржат тие што немаат можност да се оженат, додека Аллах од изобилствата Свои не им помогне! А со тие што се сопственост ваша кои сакаат да се откупат, ако се во состојба тоа да го направат, за откупот договорете се. И дајте им нешто од имотот кој Аллах ви го дал. И не ги терајте робинките свои да се занимаваат со блуд – ако тие сакаат да бидат побожни – за да ги стекнете минливите добра на овој свет; а ако некој на тоа ги присили, Аллах, откако биле приморани, ќе им прости и кон нив ќе биде милостив.