Верник не може да убие верник освен само по грешка, а кој убие верник по грешка, тој мора да ослободи од ропство еден роб верник, и да предаде крвнина на неговото семејство, освен ако тие му ја простат. Ако тој припаѓа на народ кој е ваш непријател, а верник е, тој мора да ослободи еден роб верник! А ако припаѓа на народ со кој сте во сојуз, мора да даде крвнина на неговото семејство и да ослободи од ропство еден роб верник. Доколку не најде, мора да пости два месеца еден по друг, покајувајќи Му се на Аллах! А Аллах сè знае и Мудар е!