Зарем не ги виде тие на коишто им беше речено: „Подалеку од борба, туку намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте!“ А кога им се пропиша борба,[1] одеднаш некои од нив се уплашија од луѓето, како што се плашат од Аллах, или уште повеќе, и рекоа: „Господару наш, зошто ни пропиша борба? Барем да ни го одложеше тоа на одредено време!“ Кажи: „Уживањето на овој свет е кратко, а оној свет е подобар за богобојазливите!“ А никому од вас нема неправда да му се стори!