О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб[1], освен ако сте на поминување[2], сè додека не се искапете. А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените[3], а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги.[4] Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува!