А тој меѓу вас кој не е доволно богат да се ожени со слободна верничка – ете му ги тие во ваша сопственост, робинките ваши, вернички – а Аллах најдобро знае какво е верувањето ваше – едни од други сте. И женете се со нив со согласност на сопственикот нивен, и дајте им ги венчалните дарови како што е вообичаено, ако се чедни, а не се прељубнички, ниту тајни љубовнички. А ако тие како мажени сторат блуд, нека бидат казнети со половична казна пропишана за слободните жени. Тоа е за тој од вас што се плаши од блуд, а подобро ви е да се воздржите, бидејќи Аллах простува и Милостив е!