Господарот твој сигурно знае дека ти клањајќи поминуваш помалку од две третини од ноќта, половина од неа или третина од неа, а и некои од тие што се со тебе. Аллах ја одредува должината на ноќта и денот. Тој знае дека вие тоа нема да можете да го издржите, па ви простува, а вие од Куранот рецитирајте го тоа што е лесно. Тој знае дека меѓу вас ќе има болни, а и такви коишто по светот ќе патуваат и Аллаховите благодати ќе ги бараат, и такви кои на Аллаховиот пат ќе се борат. Па рецитирајте го тоа што ви е лесно од него, и намазот извршувајте го, и зекат давајте, и на Аллах убав заем давајте Му! А доброто коешто за себе однапред ќе го дадете ќе го најдете кај Аллах уште подобро и поголемо за награда. И молете Го Аллах да ви прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е.