Прекрасен пример за вас е Ибрахим и тие што беа со него кога на народот свој му рекоа: „Ние со вас немаме ништо, а ниту со тие што вие, наместо Аллах, ги обожувате; ние се одрекуваме од вас, и непријателство и омраза помеѓу нас постојано ќе се јавува сè додека во Аллах, во Него Единиот, не поверувате!“ – не и во зборовите на Ибрахим кон таткото свој: „Јас ќе се молам да ти се прости, но не можам со ништо да те одбранам од Аллах.“ Господару наш, на Тебе се потпираме и Тебе Ти се обраќаме и кај Тебе ќе се вратиме.