Луѓето коишто веруваат во Аллах и во оној свет не треба да се сакаат со тие коишто на Аллах и на Пратеникот Негов им се спротивставуваат, па макар и тие да им се татковци нивни, или синови нивни, или браќа нивни, или роднини нивни. Тој на нив им всади верување во срцата нивни и со Светлото Свое ги зајакна, и Тој ќе ги воведе во џенетските градини низ коишто реки течат, за во нив вечно да останат. Аллах е задоволен со нив, а и тие ќе бидат задоволни со Него. Тие се Аллахова партија, а навистина Аллахова партија се тие што сигурно ќе успеат.