Аллах нема да ве казни ако ненамерно се заколнете, но ќе ве казни ако намерно се заколнете. Откуп за прекршената заклетва е: да нахраните десет сиромаси со обична храна со која ги храните своите семејства, или да ги облечете, или роб од ропство да ослободите. А тој што нема да може, нека пости три дена. Така за заклетвите ваши откупувајте се кога ќе се заколнете; а за заклетвите ваши грижете се! Ете, така Аллах ви ги објаснува прописите Свои, за да бидете благодарни!