Кога Аллах ќе каже: „О, Иса, сине Мерјемин, сети се на благодaтта Моја кон тебе и кон мајката твоја: кога со Џибрил те помогнав, па со луѓето уште од колевка и како зрел маж разговараше; и кога на писменост и на мудрост, и на Тевратот и на Инџилот те научив; и кога со волјата Моја од глина направи нешто како птица и во неа вдахна, и кога таа со волјата Моја стана птица; и кога со волјата Моја од раѓање слеп и лепрозен исцелуваше; и кога со волјата Моја мртвите ги креваше; и кога од тебе синовите Израилови ги одбив, кога јасни докази им донесе, па тие меѓу нив кои не веруваа – викнаа: ,Ова не е ништо друго туку вистинска маѓија!‘“