И ти можеше да видиш како Сонцето, кога се раѓа, ја обиколува пештерата од десната страна, а кога заоѓа, ја обиколува од левата страна, а тие беа во средината нејзина.[1] Тоа е Аллахов доказ! Кого Аллах ќе го упати – тој е навистина упатен, а кого ќе го заблуди, ти нема да му најдеш заштитник ниту упатувач.