И борете се, поради Аллах, така како што треба да се борите! Тој вас ве избра и во верата ништо тешко не ви пропиша, во верата на вашиот предок Ибрахим. Аллах одамна муслимани ве нарекол, и во овој Куран, за Пратеникот да биде сведок против вас, и за вие да бидете сведоци против останатите луѓе. Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па колку прекрасен Господар и колку прекрасен Помагач!