Потоа, по нив, еден по друг Нашите Пратеници ги праќавме, додека Иса, синот Мерјемин, не го пративме, кому Инџилот му го дадовме, а во срцата на следбениците негови благост и сомилост влеавме, додека монаштвото тие самите, како новотарија го воведоа – Ние не им го пропишавме со желба да се стекне Аллаховото задоволство; но тие за тоа не водат грижа така како што треба, па тие меѓу нив коишто ќе веруваат исправно, ќе ги наградиме, а многу од нив се непослушни грешници.