Мухамед е Аллахов Пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а сомилосни меѓу себе; ги гледаш како чинат руку и сеџда сакајќи ја Аллаховата награда и задоволство – на лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло. Така се опишани во Тевратот. А во Инџилот – тие се како растение кое никулецот свој го исфрла, па потоа го зацврстува, а тој се исправа на своето стебло, предизвикувајќи воодушевување кај сејачот – за Тој со верниците да ги разгневи неверниците. А на тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах им ветува прошка и награда голема.