Тие се тие што не веруваат и ви забрануваат да пристапите во Светиот Храм, и курбаните кои ги водите со себе до местата свои да стигнат. И да немаше мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познавате, па не знаејќи, да ги убиевте, и поради тоа срам да не би доживеале – Ние би ви ги препуштиле. А не ги препуштивме за Аллах во милоста Своја да го воведе тој што сака. А тие да беа одвоени, навистина со тешка казна ќе ги казневме тие меѓу нив што не веруваа.