И Ние на Муса Книга му дадовме, и после него еден по друг Пратеници праќавме, а на Иса[1], синот Мерјемин[2], јасни докази му дадовме и со Џибрил[3] го помогнавме! И кога и да ви го донесеше тоа, некој од Пратениците, што не им годеше на душите ваши, вие се вообразувавте, па едните за лага ги клеветевте, а другите ги убивавте.