И кога рековте: „Муса, ние не можеме повеќе една иста храна да јадеме. Затоа замоли Го Господарот свој да ни подари од тоа што земјата раѓа: зеленчук и краставици, пченица, леќа и кромид!“ Тој рече: „Зарем тоа што е подобро да го замените со тоа што е полошо? Одете во некоја земја, ќе го имате тоа што го барате!“ И понижувањето и бедата на нив паднаа и гневот на Аллах на себе го навлекоа, затоа што во Аллаховите докази не веруваа и затоа што веровесниците невини ги убиваа, затоа што непослушни беа и сите граници на злото ги преминуваа.