И кога Талут со војската излезе, рече: „Аллах ќе ве стави на искушение покрај една река, па кој ќе се напие од неа, не е мој, а кој нема да се напие, тој е мој, освен ако со дланката зафати голтка.“ И тие, освен малкумина од нив, се напија од реката. И кога ја прејдоа, тој и тие кои заедно со него веруваа, рекоа: „Ние денес не можеме да излеземе на крај со Џалут (Голијат) и војската негова!“ Но, тие што цврсто веруваа дека ќе Го сретнат Аллах, рекоа: „Колку пати малубројните групи ги совладувале многубројните групи, со Аллахова волја!“ А Аллах е на страната на трпеливите.