Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно. Таткото на детето е должен според својата можност да го храни и да го облекува на примерен начин. Никој нека не се задолжува над можностите свои: мајката не смее да трпи штета заради детето свое, а ниту таткото заради детето свое! И наследникот има слични обврски.[1] А ако тие двајцата, на убав начин и со договор, одлучат детето да го одбијат, не се грешни! А ако посакате на децата свои доилка да им најдете, не правите грев кога ќе го предадете тоа што на убав начин сакате да го дадете. Плашете се од Аллах и знајте дека Аллах добро гледа што правите.