Разводот може да биде двапати, по што или великодушно задржете ги или на убав начин развод дадете им! А вам не ви е допуштено да земате што било од тоа што сте им го подариле, освен ако двајцата се плашат дека Аллаховите прописи нема да ги извршуваат. А ако стравувате дека двајцата Аллаховите прописи нема да ги извршуваат, тогаш не прават грев таа да се откупи.[1] Тоа се Аллаховите граници, па не пречекорувајте ги! А тие што Аллаховите граници ги пречекоруваат, тие се неправедни!