Сите луѓе сочинуваа една заедница, па Аллах ги праќаше веровесниците да донесуваат радосни вести и опомена, и по нив ја праќаше Книгата со Вистината, за по неа да им се суди на луѓето за она за што тие не се согласуваа. А повод за несогласувањето беше меѓусебната завист, токму од страната на оние на кои им е дадена (Книгата), и тоа кога веќе им дојдоа јасни докази; и потоа Аллах, по волјата Своја, ќе ги упатеше верниците да ја сфатат вистина за она за што не се согласуваа. А Аллах го упатува на Правиот пат тој кого Тој сака.