Во месецот рамазан[1] започна објавувањето на Куранот, кој е патоказ за луѓето, јасен доказ за Вистинскиот пат и разликување на доброто од злото. Кој од вас ќе биде дома во тој месец, нека пости, а кој ќе биде болен или ќе биде на пат, нека ги испости истиот број денови. Аллах сака да ви олесни, а не да имате потешкотии, одреден број денови да испостите и Аллах да Го величате за упатството кое ви го даде, и благодарни да бидете.