Добродетелството не е во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците, и тие што од имотот свој, иако им е мил, им даваат на роднините, на сирачињата, на сиромашните, на патниците, на питачите, и за откуп од ропство, и тие што намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат, и кои кога ќе ги преземат обврските свои, ги исполнуваат, и тие што се издржливи во немаштијата и во болеста, и за време на борба. Тоа се тие што се искрени и тоа се тие што се богобојазливи.