Во создавањето на небесата и на Земјата, во менувањето на ноќта и денот, во бродот кој по морето плови натоварен со корисен товар за луѓето и во дождот што Аллах го спушта од небото, па така во живот ја враќа земјата по нејзиното мртвило, по која расеал секакви живи суштества, и во промената на ветровите и во облаците кои лебдат помеѓу небото и Земјата – навистина има знаци за тие што разбираат.