Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа? Кажи: „Тоа само Аллах го знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“