А да сакавме, можевме со нив да го воздигнеме, но тој на овој свет му се приклони и по својата страст тргна. Неговиот случај е случајот на песот: ако го избркаш, тој со испружен јазик бревта, а ако го оставиш, тој пак бревта. Такви се луѓето кои доказите Наши ги сметаат за лажни; затоа, кажувај ги настаните за тие да размислат.