И кога Муса Ни дојде во одреденото време, и кога Господарот негов му проговори, тој рече: „Господару мој, укажи ми се да Те видам!“ „Не можеш да Ме видиш,“ – рече – „но погледни во планината, па ако таа остане на своето место, ќе Ме видиш!“ И кога Господарот негов на таа планина ѝ се откри, Тој со земја ја срамни, а Муса падна во несвест. Штом се освести, рече: „Возвишен и чист си Ти! Ти се покајувам, јас сум првиот верник!“