Ние одредивме часот на средба со Муса да биде кога ќе се наполнат триесет ноќи, и ги дополнивме со уште десет, па времето кое го одреди Господарот негов се исполни за четириесет ноќи. А Муса му беше рекол на братот свој Харун: „Застапувај ме во народот мој, и воспоставувај ред и не следи ги патиштата на пакосниците!“