Тие што веруваат, и се иселуваат, и во борбата на Аллаховиот пат ги заложуваат имотите свои и животите свои, и тие што даваат прибежиште и помагаат, тие меѓусебно се заштитници. А на тие коишто веруваат, а кои не се иселија, вие не можете, сè додека не се иселат, да им бидете заштитници. А ако ве замолат да им помогнете во верата, должни сте на помош да им излезете, освен против народот со кој имате склучен договор за ненапаѓање. А Аллах добро го гледа тоа што го правите.