Тој од небото спушта вода, па Ние потоа со нејзина помош правиме да никнат сите видови растенија и од него да израсне зеленило, а од него класје густо, и од палмите, од семките, гроздови лесни за берење, и градини со лоза засадени, особено маслинки и шипинки, слични и различни. Набљудувајте ги, затоа, плодовите нивни, кога ќе се појават и кога зреат. Тоа е, навистина, доказ за луѓето кои веруваат!