Тие одредуваат за Аллах дел од реколтата и дел од добитокот, кој Тој го создал, па велат: „Ова е за Аллах,“ – тврдат тие – „а ова за божествата наши!“ Меѓутоа, тоа што е наменето на божествата нивни не доспева до Аллах, додека тоа што е одредено за Аллах доспева до божествата нивни. Како лошо судат тие!