О, верници, не влегувајте во собите на Веровесникот, освен ако ви се допушти поради храна, но не да чекате додека да се зготви, туку кога ќе бидете повикани, тогаш влезете, и откако ќе јадете, разидете се не впуштајќи се во разговор едни со други. Тоа му пречи на Веровесникот, а тој се срами тоа да ви го каже, а Аллах не се срами од вистината. А ако барате нешто од нив, барајте го тоа од нив од зад перде. Тоа е почисто и за вашите и за нивните срца. Вам не ви е дозволено да го вознемирувате Аллаховиот Пратеник, ниту со жените негови по неговата смрт, некогаш, да се ожените. Тоа, навистина, кај Аллах би бил голем грев!