О, Веровеснику, Ние ти дозволивме да ти бидат жени тие на кои си им ги дал нивните венчални дарови, и тие што се во твоја сопственост кои Аллах ти ги даде од пленот, и ќерките на чичковците твои, и ќерките на твоите тетки по татко, и ќерките на вујковците твои, и ќерките на твоите тетки по мајка кои со тебе се иселија, и верничката која себеси се подари на Веровесникот, ако Веровесникот сака со неа да се ожени, и само на тебе, а не на останатите верници. Ние знаеме што сме им пропишале на верниците кога е збор за жените нивни и за тие што се во нивна сопственост, а и за да не ти биде тешко. А Аллах простува и Милостив е!