Човекот го задолживме на родителите свои добро да им прави; мајката негова со мака го носи и со мака го раѓа! А неговото носење и доење е триесет месеци. Па кога ќе ја достигне зрелоста своја и кога ќе наполни четириесет години, тој ќе рече: „Господару мој, упати ме да Ти бидам благодарен на Твојата благодат, која што си ми ја подарил мене и на моите родители, и да правам добро со коешто си Ти задоволен, и направи ги добри потомците мои! Јас навистина пред Тебе се покајувам и јас сум муслиман, предан на Тебе.“