Кажи им ја веста за Нух! Кога тој му рече на народот свој: „О, народе мој, ако ви здосади моето престојување меѓу вас и моето опоменување со Аллаховите докази, а јас постојано се потпирам на Аллах, тогаш заедно со божествата свои одлучете и одлуката ваша нека не биде нејасна, потоа тоа над мене извршете го и не го одложувајте!