И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате. На Господарот твој ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото, ни колку една тронка, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна.