Вашиот Господар е Аллах, Кој небесата и Земјата за шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши и Кој управува. Никој нема да може да се зазема за некого, без Негово одобрение. Ете тоа е Аллах, Господарот ваш, па само Него обожувајте Го! Зошто не размислите?