Животот на овој свет е сличен на овоземското растение на кое Ние му спуштаме дожд од небото со кој тоа се измешува, со кое потоа се хранат луѓето и добитокот. И кога Земјата со своето руво ќе се украси и ќе се накити, и кога нејзините жители ќе помислат дека тие се господари на тоа, доаѓа заповедта Наша, ноќе или дење, и Ние тоа го покосуваме како претходно да не било ништо. Ете, така Ние детално им ги претставуваме доказите на народот кој сака да размисли.