А неверниците велат: „Часот на оживувањето нема да ни дојде!“ Кажи: „Ќе дојде, се колнам во Господарот мој, Кој го знае и тоа што е скриено, сигурно ќе ви дојде.“ – Нему не може ништо, ниту колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата да Му избега, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа што не е во јасната Книга –