А на Сулејман – ветрот (му го потчинивме), наутро преминуваше растојание од еден месец и навечер растојание од еден месец; и сторивме од изворите растопен бакар да му тече и џините, по волја на Неговиот Господар, пред него да работат; а кога некој од нив би откажал послушност на наредба Наша, ќе сторевме огнено страдање да почувствува.