О, верници, бидете Аллахови помагачи како што им рече Иса, синот Мерјемин, на блиските следбеници: „Кои се моите помагачи во повикувањето кон Аллах?“ Блиските следбеници одговорија „Ние сме Аллаховите помагачи!“ Па една група од синовите Израилови поверува, а другата не! Па тие што веруваа против непријателите нивни ги зајакнавме, и тие победија.